Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг доби нов договор од Јунајтед и порача: Следната цел е многу поголема! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг беше резервна опција на Сир Џим Ретклиф на крајот на сезоната, но откако преговорите со Томас Тухел не вродија со плод, првиот човек на клубот реши да ја прекине потрагата по наследник на Холанѓанецот.

Манчестер Јунајтед како клуб донесе одлука да му даде уште една шанса на Тен Хаг, кој денеска стави потпис и на нов договор според кој ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2026-та година.

Првите две години во Јунајтед беа одбележани од променлива игра и доста тешки моменти, но сепак освоените титули во Карабао и ФА Купот се причините поради кои на Холанѓанецот му се нуди нова прилика.

– Многу сум задоволен што постигнав договор за продолжување на соработката. Кога гледаме наназад низ овие две години, гледаме со гордост на двата освоени трофеи и имаме многу примери за прогресот кој го направивме.

– Исто така, мора да признаеме дека има уште многу работа пред нас за да се достигне нивото кое се посакува во Манчестер Јунајтед, а тоа е наша цел да ни бидат англиските и европските титули. Во мојот разговор со клубот, нашите визии се преклопија и силно сме уверени дека заедно ќе стигнеме до тоа, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни