Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг доби и една ужасна вест во победата на Вест Хем: Тоа е лична катастрофа за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Навивачите на Манчестер Јунајтед со месеци го чекаа враќањето на Лисандро Мартинез, а кога конечно го дочекаа тоа и го охрабрија својот „воин“, Аргентинецот денеска повторно ги загрижи сите на „Олд Трафорд“.

На четвриот официјален меч по санираната повреда, Мартинез денеска се пожали на силни болки во коленото и мораше со разочарано лице да го напушти теренот, а стравувњата се дека се работи за повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.

Првичните прогнози не се оптимистички и тоа го потврди и менаџерот Ерик Тен Хаг, кој по победата од 3:0 откри дека фудбалерот е потиштен и тажен и ова го доживува како лична катастрофа.

– Не можам да кажам со сигурност за што се работи, но не изгледа добро и постои голема загриженост. Ќе мора да ги почекаме официјалните резултати, лекарите ќе утврдат каква е дијагнозата.

– Лекарскиот тим ќе направи се за да ја утврди вистинската дијагноза, потоа ќе видиме каква е штетата. Лича е многу тажен и многу разочаран, тоа е нормално. Сите сочувствуваме со него, ова го доживува како лична катастрофа. Тој е клучен играч за нас и ни носи многу работи на теренот, навистина ќе биде многу лошо ако останеме долго без него, – изјави Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни