Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место и ќе освојувам трофеи

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го доби градскиот ривал Манчестер Сити во финалето на ФА Купот и со тоа ја спаси сезоната која беше турбулентна за англискиот великан.

„Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1, резултат кој освен трофеј им донесе и место во куповите, поточно во Лига Европа. Овој меч воедно може да бида и последен за доста играчи, но и за менаџерот Етик Тен Хаг за кого веќе некое време кружат информации дека ќе заработи отказ.

Ова дефинитивно допира до Холанѓанецот кој по средбата на „Вембли“ испрати јасна, директна порака.

-Ако повеќе не ме сакаат, одам на друго место и ќе освојувам трофеи, тоа е она што го правам цела моја кариера.

-Не знам. Единственото нешто што го правам е да го подготвувам мојот тим, да го развивам мојот тим. Ова е проект за мене. Кога влегов, можам да кажам дека беше хаос. Сега сме подобри. Не сме таму каде што сакаме да бидеме. Фудбалот е за освојување трофеи. Сакам да играм најдобар фудбал, динамичен, напаѓачки фудбал, но на крајот мора да победувате натпревари и трофеи. Тоа е менталитетот што го донесовме. Ова беше нашата единствена можност и го направивме тоа. Многу сум горд на играчите и стручниот штав, -порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни