Темелковски: Жалам што не извојувавме поубедлива победа…

ilija i goce

Составот на Еурофарм Работник издвојува победа во дебитанскиот настап во Европа, односно со предност од четири голови разлика (28-24) ќе патува во Литванија на реваншот против Гранитас Каунас во Челинџ Купот.

Меѓутоа стратегот на битолчани, Илија Темелковски не е докрај задоволен од играта на своите избраници, но воедно верува оти можат да слават против истиот овој противник и на гостински терен.

– Жалам што не остваривме поубедлива победа, зошто имавме напад за плус шест, избрзавме и примивме гол во последната секунда. Мора да бидеме фокусирани во вакви ситуации и не треба вака да грешиме. Ама сега знаеме како игра противникот, знаеме дека нивните бекови шутираат од сите позиции, плус ќе бидеме посилни за Крстевски кој не беше достапен за оваа средба. Во вториот дел го повлеков Мсквилидзе, игравме без левак, бидејќи противникот дејствуваше брзо и ми беше потребен ракометар кој може да игра во два правци. Јас не сум песимист, верувам со добра игра и пристап пристап можеме да славиме и во Литванија, -посочи Темелковски.

Реваншот се игра следната седмица на 25 ноември.

Facebook Коментари