Темелковски и Ојлески едногласни: Со помош на навивачите можеме да го минеме Гранитас

ilija i goce

Составот на Еурофарм Работник своето деби во ЕХФ натпреварувањата ќе го има утре против литванскиот тим Гранитас Каунас. Првата средба се игра во спортската сала „Младост“ во Битола, а пред истата владее оптимизам и добро расположение кај македонскиот прволигаш кој верува оти можат да го минат овој против во Челинџ Купот.

– Имавме неколку домашни натпревари, па не можевме да го анализиравме противникот детално. Сепак во последните неколку дена видовме неколку нивни  натпревари и можам да кажам дека играат брз ракомет, па ние мора да подготвиме соодветна тактика за да ги сопреме. Чест ми е што ќе ја водам екипата на овој прв меѓународен натпревар и искрено се надевам се надевам дека во ќе излеземе како победници во оваа битка и ќе презимиме во Челинџ Купот, -порача тренерот Илија Темелковски.

– Мора да бидеме мудри, ова е двомеч на кој одлуката околу патникот во следното рунда ќе падне во Литванија. Прв впечаток за ривалот го имамес, а утре директно ќе сена терен. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка, бидејќи со нив можеме полесно во следното коло на Челинџ Купот, -истакна Гоце Ојлески.

Средба се игра со почеток од 19 часот.

Facebook Коментари