Англија
Телохранителот на Сер Алекс открива: Ферги одби ангажман на Анри поради една причина, останатото е историја!
Тјери Анри во изминатиов период даде неколку изјави поврзани за големото ривалтво кое го имаа Арсенал и Манчестер Јунајтед, па дури нагласи дека тренинзите на „топчиите“ во ерата на непобедливиот тим на Арсен Венгер биле потешки и од директните дуели со лутиот противник.
Во почетоците на новиот век, Јунатед и Арсенал без никаков сомнеж беа два најсилни тима во Англија и постојано имаше ривалство и силни искри на теренот, а во тоа време, една од главните ѕвезди во тимот на Вегер беше токму Анри.
Французинот постојано беше силна закана за голот на Јунајтед и дури четирипати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, па поради тоа, навистина интересна и актуелна стана изјавата која ја даде поранешниот личен телохранител на Фергусон, Нед Кели.
Човекот кој подоцна беше и шеф на обезбедувањето на „Олд Трафорд“ во почетоците беше личен телохранител на Фергусон, Кантона и Бекам, па поради блиската врска со Шкотланѓанецот, бил сведок како Ферги одбива ангажман на Тјери Анри пред да заврши во Арсенал.
– По еден натпревар во Премиер лигата, јас бев во тунелот и телефонот ми заѕвони. Беше постариот брат на Кантона, Жан Мари. Ми порача, „Нед, кажи му на Фергусон дека Тјери Анри сака да дојде во Јунајтед“. Ова беше пред да заврши во Арсенал, – открива Кели за „БеИН Спортс“ и додава.
– Негов прв избор беше Манчестер Јунајтед, па затоа отидов кај шефот и му кажав дека ми се јави Жан Мари Каантона. Му објаснив дека Анри сака да дојде во нашиот клуб, а тој само ми одговори….„Нема шанси да го земам, постојано е е..но повреден“. Така заврши во Арсенал, а останатото е историја, – завршува Нед Кели.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона