Поврзете се со нас

Англија

Телјес сака да се пресели на „Олд Трафорд“, Јунајтед се соочи со неочекуван проблем

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед инсистира да го доведе Алекс Телјес на „Олд Трафорд“, но Порто не сака да попушти во однос на високата цена.

Англиските медиуми тврдат дека Оле Гунар Солскјер го пикирал левиот бек на португалскиот првак и веќе не сака да размислува за други алтернативи, но Јунајтед е изненаден од начинот на кој Порто се поставува во ситуација кога клубовите се финансиски ослабени поради коронавирусот.

Откупната клаузула на Телјес изнесува 40 милиони фунти, што е превисока цена за премиерлигашот, па оттаму се надеваат дека приближувањето кон крајот на преодниот рок ќе донесе поинаков пристап и кај Порто.

Во прилог на Солскјер оди фактот што самиот Телјес ја прифатил понудата на Јунајтед и сака да се пресели во Манчестер.

Телјес настапува за португалскиот тим од 2016 година, а во меѓувреме беше поврзуван со трансфер во повеќе еминентни клубови. Бразилецот има само еден настап за својата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни