Телетовиќ: Ми беше здодевно во НБА, подобро беше кога…

mirza

Мирза Телетовиќ поради здравствени проблеми мораше предвреме да ја заврши својата играчка кариера во која освен во својата Босна и Херцеговина играше во Белгија, Шпанија, но и во НБА лигата (Бруклин Нетс, Феникс Санс, Милвоки Бакс) каде мина шест години од 2012 до 2018 година.

Токму за тоа искуство од НБА лигата проговори сегашниот прв човек на босанската кошарка кој посочи дека таа негова авантура, патување било досадно притоа правејќи споредба со она во Басконија.

-Кога заминав во НБА, моето мислење е дека беше многу досадно. Освен ако не сте играле за Голден Стејт или Кливленд кои се натпреваруава да бидат шампиони. Зашто јас би требало да сум таму? Во Виторија со Басконија секогаш се натпреварував за нешто. За Суперкупот, Купот на кралот, да влеземе на завршниот турнир во Евролигата. Во САД за што? За мене беше досадно. Исто така беше и добро искуство. Тоа е најдобрата лига на светот. Можеш да играш против најдобрите играчи на светот и да бидеш трениран од страна на легенди. Ама за мене подобро чувство беше да играм во Евролигата и Шпанија, -јасно порача Телетовиќ.

Facebook Коментари