Поврзете се со нас

Англија

„Телеграф“ тврди: Ван Нистелрој доби нова работа како менаџер во Премиер лигата!

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Руд Ван Нистелрој не доби шанса од Рубен Аморим тренерски да се надоградува како негов помошник во Манчестер Јунајтед, но како што стојат работите, легендарниот Холанѓанец многу брзо ќе добие атрактивна работа како самостоен менаџер.

Ван Нистелрој импресионираше со три победи и едно реми на четирите натпревари на кои привремено го водеше првиот тим на Јунајтед, па откако не беше земен во стручниот штаб на новиот менаџер, сега како слободен агент е достапен за сите клубови во светот.

Угледниот „Телеграф“ оваа вечер ја информираше британската јавност дека Руд имал интензивни преговори со Лестер во изминатите три дена, по кои било донесена едногласна одлука да го преземе премиерлигашот кој се мачи од стартот на сезоната.

Предводниците на Лестер го отпуштија Стив Купер по поразот од Челси изминатиов викенд, но „лисиците“ по се изгледа веќе го договорија неговиот наследник.

Според ексклузивните информации, Ван Нистелрој уште од прв момент бил главна мета на Лестер, а по задоволувачките преговори кои завршиле позитивно за двете страни, отфрлени се двете резервни опции како Грем Потер и Дејвид Мојс.

„Телеграф“ тврди дека договорот е постигнат и сега преостануваат само да се допрецизираат деталите, по што клубот и официјално ќе го претстави Руд како нов менаџер на тимот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни