„Телеграф“: Јунајтед му ја соопшти конечната одлука на Погба!

pogba-nasmean

Пол Погба одби да даде прецизен одговор за тоа дали ќе остане во Манчестер Јунајтед по фасцинантниот триумф кој го оствари тимот во првото коло во Премиер лигата, но три дена по прекрасното издание на „Олд Трафорд“, еден од најугледните британски весници излезе со есксклузива со која се разбуди цела Англија.

„Дејли Телеграф“ се повика на свои блиски извори од клубот и на 15-тина дена пред официјалното затворање на преодниот рок одлучи да затвори уште еден трансфер случај, бидејќи во својата вест потенцира дека првите луѓе на Манчестер Јунајтед му ја соопштиле конечната одлука на Французинот. Со оглед на тоа што трансфер пазарите во Италија и Шпанија се затвораат на 2-ри септември, Реал Мадрид и Јувентус и натаму можат да сонуваат за ангажман на играчот за врска, но сега Јунајтед му ставил до знаење на Французинот дека нема да дозволи трансфер дури и ако пристигне клуб со понуда од 200 милиони евра.

Добро познато е дека Погба е примарна мета на Зинедин Зидан за средниот ред на „кралевите“, но како што тврди „Телеграф“, водечките луѓе на Јунајтед, а посебно Оле Гунар Солскјер ја затвориле вратата за заминување поради тоа што сега „ѓаволите“ се во ситуација да не можат да донесат никаква замена.

Facebook Коментари