Поврзете се со нас

Англија

„Телеграф“ ги пренесе новите правила на кои не сме навикнати, во пресрет на продолжувањето на сезоната во Премиер лигата

Објавено

на

Се уште е ставен голем знак прашалник на прашањето дали англиската Премиер лига ќе продолжи или ќе го дочека својот крај предвреме.

За тоа ќе одлучат клубовите на гласањето за „Проектот рестарт“ кое е закажано за во понеделник.

Од англиската влада оставија на клубовите прво да одлучат што ќе прават, а потоа тие ќе дадат конечен збор дали ќе дозволат првенствата да продолжат.

Англискиот медиум „Телеграф“ ги пренесе и новите правила на кои фудбалерите ќе мора да се навикнат и ќе мора стриктно да ги почитуваат.

Според овој медиум, ќе биде забрането гушење на играчите при постигнување на погодокот. Ова правило би можело да важи дури и во следната сезона, односно до крајот на оваа календарска година.

По натпреварот нема да има размена на дресови, а ќе се внимава и на шишињата од кои играчите пијат вода. Исто така, ниту еден фудбалер нема да смее да плукне на теренот, а доколку го стори тоа ќе биде санкциониран со жолт картон.

Players could be sanctioned for spitting under the new health and hygiene rules

Се очекува на состанокот закажан за понеделник повеќето од клубовите да се изјаснат за рестартирање на сезоната. Доколку се донесе ваква одлука, тренинзите ќе започнат на 18 мај, а шампионатот ќе продолжи на 8 јуни.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни