Поврзете се со нас

Англија

Тел му „удри корпа“ на Тотенхем, ќе чека друга понуда

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Младиот Матијас Тел сака да ја промени средината во овој зимски преоден рок, па со оглед на неговата младост, потенцијал, квалитет тој е интересен за повеќе клубови меѓу кои најбрза реакција имаше премиерлигашот Тотенхем.

Баерн Минхен доби понуда која беше прифатлива за нив, понуда од 60 милиони евра и се зависеше од играчот за тоа дали ќе даде „зелено светло“ за комплетирање на операцијата.

Французинот размисли и одлучи да не се пресели во таборот на „петлите“ што дефинитивно е удар за клубот кој има многу повредени играчи и фудбалер како Тел сигурно ќе можеше доста да му помогне. Според Фабрицио Романо, Тел заедно со агентот е во Минхен и ги разгледува останатите понуди, опции што ги има на маса, односно заинтересирани за него се клубови како Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Астон Вила.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни