Поврзете се со нас

НБА

Тејтум влезе во историјата на НБА со својот извонреден настап во мајсторката против Торонто (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Бостон Селтикс славеше над Торонто Репторс со 92-87 и со тоа избори пласман во финалето на источнара конференција каде ќе се соочи со Мајами Хит.

Импресивна партија во мајсторката имаше Џејсон Тејтум кој реализираше 29 поени, 12 скокови, 7 асистенции и по 1 украдена топка и блокада со што само потврди дека е еден од најдобрите млади играчи во лигата, играч кој треба да биде заштитен знак на НБА во наредните години.

Со оваа партија тој стана вториот најмлад играч со вакво издание во седми меч (25+ поени 10+ скокови, 5+ асистенции) по Коби Брајант, односно влезе во историјата на најквалитетниот кошарски шампионат на светот.

-Ова не го знаев, одлично е да се биде во тоа друштво. Сите знаат колку му значеше, колку му значеше на светот, на кошарката како спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни