НБА
Тејтум му нанесе фрактура на Браун во дербито во Бостон, Кајри со победа дебитираше за Далас (ВИДЕО)

Составот на Бостон Селтикс славеше над Филаделфија со 106-99 во дербито во Источната конференција.
Домаќините покажаа тимска игра која им донесе резултат и 39 сезонска победа со која за зацврстија на првата позиција. Ниту еден играч не дојде до бројката од 20 кошеви, ама дури шестмина беа двоцифрени со тоа што први стрелци беа Вајт и Брогдон со по 19 кошеви.
Лошата вест за „келтите“ од овој меч е повредата на Браун која настана по судирот со соиграчот Тејтум. Вестите велат дека Браун има фрактура на лицето и ќе мора некое време да биде во „аут“.
Jaylen Brown and Jayson Tatum collide towards the end of the half and JB heads to the locker room #PHIvsBOS pic.twitter.com/Kf1Yn0Z7pO
— Celtics on NBC Sports Boston (@NBCSCeltics) February 9, 2023
Кај поразените залудни беа партиите на Ембид и Харден од 28 и 26 кошеви.
Кајри Ирвинг дебитираше за Далас Маверикс со 24 поени со што беше прв стрелец на својата нова екипа во славјето над Лос Анџелес Клиперс од 110-104. Ирвинг имаше и 4 скока, 5 асистенции и заедно со останатите играчи од стартната петорка донесоа значаен триумф против ривалот од Западот и тоа без услугите на повредениот Дончиќ.
Пауел со 24 кошеви пак се истакна кај Клиперс.
Резултати:
Кливленд – Детроит 113:85
Вашингтон – Шарлот 118:104
Бостон – Филаделфија 106:99
Мајами – Индијана 116:111
Торонто – Сан Антонио 112:98
Хјустон – Сакраменто 128:130
Јута – Минесота 118:143
ЛА Клиперс – Далас 104:110
Портланд – Голден Стејт 125:122
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)