Поврзете се со нас

НБА

Тејтум, Браун и Смарт донесоа нова предност за Бостон во големото НБА финале (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Бостон Селтикс се стекнаа со нова предност во финалето на НБА лигата и тоа откако рано утрово го совладаа Голден Стејт Вориорс со 116-100.

Ова беше прва средба во „Ти-Ди Гарден“, а домашните играчи водени од публиката покажаа повеќе, беа подобри во три од четирите четвртини и издвојуваа триумф со кој сега водат со 2-1 во оваа серија во која потребни се четири победа за трофејот „Лери О’Брајан“.

Фантастичен натпревар имаше тројката на Бостон, Тејтум-Браун-Смарт, партија со која влегоа во историјата. Тејтум имаше 26 поени со 6 скока и 9 асистенции, Браун уфрли 27 кошеви, собра 9 скока и забележа 5 асистенции, Смарт пак имаше 24 поени, 7 скокови и 5 асистенции.

Со ова тие станаа прво трио по Карим Абдул Џабар-Меџик Џонсон и Мајкл Купер (1984 година) кое успеало на меч во финалето да има најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Кај поразените Кари и Томпсон искомбинираа 56 кошеви.

Следната средба се игра на 11 јуни исто во Бостон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни