Поврзете се со нас

Англија

Технолошки гигант заинтересиран за купување на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Најавата на фамилијата Глејзер дека планира да го продаде Манчестер Јунајтед се претвори во интересна опција за голем број успешни бизнисмени, односно компании.

Англиските медиуми тврдат дека на оваа тема сериозно размислува гигантот „Епл“, компанија која без проблеми може да плати околу 5,8 милијарди за сопственоста на фудбалскиот великан.

Седумнаесет години откако го презедоа управувањето, Глејзерови потврдија дека се расположени за понуди од заинтересирани купувачи, а веројатно добро ќе профитираат ако има лицитација меѓу заинтересираните страни.

„Епл“ нема искуство со менаџирање на спортски клуб, но актуелниот генерален менаџер Тим Кук смета дека ова е добра шанса, која може да му донесе дополнително подобрување на имиџот на брендот, но и профит преку фудбалските активности.

Навивачите на Јунајтед со задоволство ќе го пречекаат новиот сопственик, бидејќи постојано беа незадоволни од Глејзерови, но идејата за изградба на нов, модерен стадион веројатно ќе отвори сериозна дебата меѓу нив. Медиумите тврдат дека „Епл“ сигурно ќе инсистира на инвестиција во нов стадион, но и за негова изградба ќе бидат потребни повеќе години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни