Поврзете се со нас

Репрезентација

Техничкиот директор на Романците: Македонците беа изненадување на вечерта

Објавено

на

Романија успеа да ја победи Македонија во квалификациите за СП, но нашата репрезентација имаше повеќе шанси и можности во Букурешт, па на крајот може да жали што не освои барем бод на овој дуел.

Комплименти за играта на селекцијата предводена од Игор Ангеловски стигнаа и од искусниот тренер, а сега актуелен технички директор на Романската фубалска федерација, Михаи Стоичита.

Искусниот фудбалски работник бил изненаден од постојаниот притисок кој Македонија го правеше кон романскиот гол.

– За мене, изненадување на вечерта беше македонската репрезентација. Го знаев Пандев и уште 2-3 фудбалери, но не очекував толку брз и технички поткован тим.

– Мислевме дека нема да ни создадат проблеми, дека лесно ќе ги добиеме, но да бидам искрен, овој натпревар можеше да има и поинаков епилог. Имаа навистина многу шанси, – изјавил Стоичита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни