Поврзете се со нас

Европски првенства

Тедеско: Недостасуваше само една работа, нема да го вперам прстот кон никого

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Белгија важеше за огромен фаворит во соочувањето со Словачка, но тој статус барем резултатски не го потврди во Франкфурт или поточно загуби со 1-0 со голот што го постигна Шранц во првото полувреме.

„Црвените ѓаволи“ не искористија неколку добри шанси, два гола им беа поништени преку ВАР системот, меѓутоа јасно е дека нема оправдување и дека мораа да бидат на повисоко ниво во ова соочување.

-Нема многу работи за кои би можел да го критикувам мојот тим. Единствено што не беше добро беа пропуштените можности бидејќи имавме многу, дури и големи.

-Не сакам да го вперувам прстот кон никого, бидете сигурни дека ќе разговараме, но внатрешно, не преку медиумите, секогаш сум велел дека нашата група е тешка и не треба однапред да пишуваме дека ќе ја поминеме. Очигледно е дека момците се разочарани, но сепак е добра атмосфера и важно е да се учи од овој пораз, -порача селекторот на Белгија, Доменико Тедеско.

Во второто коло ривал им е Романија која денеска ја разби Украина со 3-0.

Станчу го постигна најубавиот гол на ЕП, Романија ја забележа најголемата победа на големите турнири (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни