Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас за спорниот „државен“ спонзор на Ла Лига: Ова не е истата Саудиска Арабија од пред неколку години

Објавено

на

Foto:instagram.com/javier.tebas

Хавиер Тебас е предводник на Ла Лига, а изминативе години најчесто е актуелен во медиумите поради острото спротивставување на Супер лигата, како и на клубовите како ПСЖ и Манчестер Сити, кои ги смета за државни проекти.

Сепак, влезот на одредени држави како спонзори очигледно не му пречат на Тебас кога се работи за неговата организација, па добил прашање како го објаснува спонзорството на „Visit Saudi“ во Ла Лига.

Новинарите се интересирале како дозволил Саудиска Арабија да стане комерцијален партнер на шпанското првенство, а пред неколку години тврдеше дека земјата го користи спортот само за да си го подобри имиџот.

– Ова не е истата Саудиска Арабија од 2021 година.

– Што е со Формула 1, голфот, падел турнирите, италијанскиот и турскиот Супер куп? Видов дека и Тајсон Фјури треба да има дуел таму.

– Знам дека можете да ги употребите моите изјави против Саудиска Арабија од 2021 година, но веќе не е истата држава. Сега се како Обединетите Арапски Емирати пред 10 години, Саудиска Арабија се движи во иста насока, – рекол Тебас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни