Поврзете се со нас

Франција

Тебас за „невозможната“ сума која влегла во ПСЖ: Тоа е финансиски допинг

Објавено

на

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за шпански „Спорт“ зборувал на повеќе теми, а новинарите не заборавиле да го потсетат на критиките кои постојано ги упатува на сметка на ПСЖ.

Тебас неодамна потенцираше дека ПСЖ е државен клуб и идентично зло за фудбалот како проектот Супер лига. Францускиот клуб во меѓувреме реагираше со одговор на таквите напади, но Тебас повторно имал што да каже за ПСЖ.

– Во последните три години, во клупската каса на ПСЖ влегле 800 милиони евра.

– Од друга страна, нивниот комерцијален профит е за 20 проценти поголем од тој на клубови како Барселона, Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид. Тоа е невозможно, нема никаква економска логика.

– Ако не го спречиме ова, фудбалот ќе заврши со ситуација во која 20 шеици ќе бидат сопственици на 20 најголеми клубови и ќе доминираат.

– Ситуацијата со ПСЖ и Манчестер Сити не смее да се толерира, ова е класичен финансиски допинг, – изјавил Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни