Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас за Мбапе и Халанд и преселбата во Реал: Килијан е…

Објавено

на

foto:twitter.com/ErlingHaaland

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас често знае да се најде во фокусот на јавноста и тоа поради своите изјави, одговори на некои прашања, но тоа е негов стил и тоа продолжува и понатаму да го прави.

Тебас знае да говори за Флорентино Перез, Жоан Лапорта, Реал Мадрид, Барселона и тоа премногу отворено, па така тој од свој агол посочи каква се шансите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд да завршат на „Сантијаго Бернабеу“ во сезоната 2024/2025.

-Би сакал да ги видам најдобрите во нашите натпреварувања. На Мбапе му давам 99,99 проценти шанси да игра за Реал Мадрид во следната сезона. Халанд е покомплициран. Кратко време е во Сити за да размислува за заминување, -порача Шпанецот.

Ерлинг има договор со Манчестер Сити до 30 јуни 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни