Шпанија
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент
Хавиер Тебас одамна води вербална војна со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а во своето последно интервју повторно се навратил на претседателот на трофејниот клуб.
Предводникот на Ла Лига го обвинил Перез дека влијае и на медиумите, испраќајќи му уште една порака дека нема да му биде дозволено да го води првенството на начин на кој тој сака.
– Имав добри односи и разбирање со Перез се до моментот кога преговаравме за продажба на тв правата. Во еден момент на тие комплицирани преговори, тој ми кажа „Хавиер, не ме слушаш“, а јас му одговорив дека го слушам, но не му обрнувам внимание“.
– Оттогаш комуникацијата беше поинаква, Перез правеше голем притисок, па тој менува директори и во весници и други медиуми. Реал Мадрид води неколку процеси против мене пред неколку инстанци, а јас само го кажувам тоа што го мислам, без разлика што истото не му се допаѓа на Перез.
– За време на собранието на Реал, Перез кажа дека неговиот клуб ќе го спасувал фудбалот, се однесува како месија, а такво нешто не може да се случи. Нема да дозволиме богатите да управуваат, точно е дека Реал и Барсе се движечка сила во Шпанија, но друго е целата лига да функционира според нивните желби, – рекол Тебас.
-
Евролига12 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија13 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Италија24 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Евролига23 часа
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
Лига на нации13 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Англија11 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Лига на нации4 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Германија13 часа
Нагелсман му одговори на „експертот“ Леман за голманската дебата