Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас уште еднаш го осуди потегот на Перез: Реал Мадрид ја освои титулата поради….

Објавено

на

Хавиер Тебас имаше ново опширно интервју со новинарот на „ЕСПН“, Фернандо Паломо, на кого интересно уште еднаш му нагласи дека Флорентино Перез постапил погрешно во јануари оваа година, кога директно се јавил во Федерацијата да се жали за недосуден пенал.

Тебас пред извесно време истакна дека ова имало големо влијание врз употребата на ВАР во продолжение од сезоната, но сега одлучи повторно да се изјасни, потенцирајќи дека Реал Мадрид нема да ја освои титулата благодарение на помошта од технологијата.

– Има време за анализа и ќе го простудираме ВАР. Реал Мадрид е шампион, или ќе стане шампион порати тоа што одигра неверојатно добро по рестартот на сезоната, а не поради помошта од ВАР. Сепак, исцрпна анализа ќе има на ВАР, не само поради одлуките на натпреварите со Реал, бидејќи имаше многу повеќе поплаки од различни страни. Не е добра сликата која ја оставаме и мора да се вратиме од почеток, – изјави Тебас.

Претседателот на Ла Лига го искористи ова обраќање за уште еднаш да го истакне лошиот потег на Флорентино, првиот човек на Реал кој во јануари оваа година му се јавил на претседателот на Федерацијата Луис Рубиалес за да се жали за недосуден пенал.

– Без разлика дали сте претседател на Реал или Леганес, или било кој друг клуб, едноставно недозволиво е да се јавите 20 минути по мечот и да се жалите зошто не ви бил досуден пенал, – додаде Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни