Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас со нови критики за Флорентино: Погледнете ја фотографијата од ВИП ложата против Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Хавиер Тебас не пропушта можност да испрати критики на сметка на Флорентино Перез, а сега тоа го направил како учесник на спортска конвенција во Шпанија.

Првиот човек на Ла Лига очекувано бил прашан за мислење околу активностите на претседателот на Реал Мадрид, кој меѓу другото е иницијатор и на Супер лигата, а Тебас потенцирал дека неговата моќ е преголема и тоа не е добро за фудбалот.

Претседателот на Ла Лига алудирал на присуството на повеќе министри во ВИП делот на „Бернабеу“.

– Погледнете ја фотографијата од ВИП ложата на дуелот со Манчестер Сити и се ќе ви биде јасно.

– Не видов такво друштво следниот ден на „Метрополитано“ (дуелот меѓу Атлетико и Борусија), тој е многу моќен и влијателен човек.

– Флорентино е насекаде. За Силвио Берлускони сите знаеја дека е близок до десницата, но Перез е близок со сите политичари, од лево до десно, тој има големо влијание. Тоа не е добро за фудбалот и за државата, – рекол Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни