Поврзете се со нас

Франција

Тебас: Реал никогаш нема да биде како ПСЖ

Објавено

на

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е доста актуелен и активен со своите настапи, изјави во последно време.

Тој отворено говори за состојбите во шпанскиот фудбал, но и за Пари Сен Жермен, клуб за кој едноставно смета дека мами, односно прави трансфери, нови играчи кои едноставно не може да ги покрие ако се е како што треба.

Тебас направи споредба меѓу Реал и Пари Сен Жермен и посочи зошто „кралевите“ никогаш нема да бидат како францускиот вицешампион.

-Кажав дека шпанскиот фудбал не е без пари, ниту Реал, ниту Барселона. Постојат најмалку 80 проценти од клубовите во Европа кои се во полоша состојба. Што се однесува до Реал Мадрид, мислам дека тие беа клубот кој најдобро се справи со пандемијата, со огромни напори за намалување на нивната сметка за плата.

-Реал Мадрид има способност да прави што сака [како резултат на овие намалувања]. Тие никогаш не можат да бидат како ПСЖ затоа што ПСЖ мами. Имаат сметка за плата од близу 600 милиони евра, што е невозможно.Реал исто така не е државен клуб, па затоа не е можно, -порача Тебас кој ги издвои Винисиус Жуниор, Ансу Фати и Маркос Љоренте како играчи кои најмногу му се допаѓаат во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни