Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас: Реал не мора да продаде ниту еден играч за да си го дозволи Мбапе

Објавено

на

Медиумите веќе го најавија пристигнувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и се чини дека овојпат Французинот навистина донел таква одлука, а шпанскиот клуб е подготвен да ги исполни неговите финансиски услови.

Реал ќе мора да одвои поголема сума за услугите на Мбапе, но тоа нема да му донесе финансиски проблеми на клубот, тврди првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Реал Мадрид е клуб во оптимална економска ситуација.

– Тие се финансиски стабилни и подготвени се за трансферот на Мбапе.

– Тоа го покажува и фактот дека не треба да продадат ниту еден фудбалер за да го ангажираат Французинот, – изјавил Тебас.

Најавите се дека Реал и Мбапе ќе го потврдат договорот откако ќе стане јасно дека ПСЖ и Реал не можат да играат еден против друг во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни