Поврзете се со нас

Франција

Тебас повторно го закачи ПСЖ: Ако имаше турнир…

Објавено

на

foto:enfoquenoticias.com.mx

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е познат како човек без влакна на јазикот, човек кој знае да предизвика реакции со своите коментари, ставови на одредени теми.

Тој често говори за состојбата со финансиите во европскиот фудбал притоа бранејќи ги строгите правила за трошење во шпанската елита и одржливоста на системот. а во исто време критикувајќи го останатите.

Тебас често знае да го закачи ПСЖ, поточно е долгогодишен критичар на моделот на финансирање на францускиот првак, па во свој стил уште еднаш ги поздрави „светците“.

-Во Франција знаеме дека ПСЖ загуби 605 милиони евра и дека без финансиски инженеринг тоа би било многу повеќе. ПСЖ би можел да биде шампион доколку има турнир во трошење пари, -истакна претседателот на Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни