Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас: Почнав да се срамам што навивав за Реал

Објавено

на

Foto:instagram.com/javier.tebas

Реал МАдрид изврши огромен притисок врз Мунуера Монтеро и направи шпанскиот судија да добива смртни закани во изминатите 10 дена, ситуација за која на крајот не се преземаа дополнителни мерки од страна на шпанската Фудбалска Федерација.

Властите во шпанскиот фудбал го истражуваа арбитарот и на крајот пресудија дека тој е доволно чист за да остане главен судија во Ла Лига, но притисокот кој го направи Реал Мадрид како клуб налути голем дел од ривалите во Ла Лига, но и претседателот на оваа организација.

Хавиер Тебас како фудбалски работник кој во минатото има изјавено дека е фан на Реал, сега вели дека не може да го препознае клубот кој го води Флорентино Перез, па дури и се срами што некогаш навивал за нив.

– Реал Мадрид повремено се однесува како цел свет да е против нив. Треба да има одредени реформи во судењето, но не треба да се двојат индивидуалци. Флорентино стана плачко бидејќи кога Реал победува, тоа го прави чисто, а кога губи, секогаш велат дека се жртви на заговор од судиите.

– Јас сум хиберниран мадридист, моите внуци и синови навиваат за Реал, но јас веќе почнувам да се срамам за се она што го доживував како мадридист. Реал Мадрид никогаш не беше клуб кој плаче, а сега се претвори во тоа, – појаснува Тебас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни