Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас откри на колку години е потпишан договорот меѓу Реал и Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Додека Килијан Мбапе срамежливо се обидува да остане мирен и да не дава јасни сигнали за својата фудбалска иднина, шпанската и француската јавност веќе на големо пишуваат за трансферот кој сите го најавуваат, според кој напаѓачот ќе си го оствари сонот и ќе потпише за Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ беше на дофат на Мбапе уште пред две години, но тогаш Килијан ја расипа зделката во последен момент и реши да остане уште некое време во клубот од француската престолнина.

После две разочарувачки сезони, Мбапе сфати дека е време за нов предизвик, а амбициите јасно е дека ќе бидат максимално големи во клуб со историја и традиција како Реал Мадрид.

Во разговорот за аргентински „Оле“, Хавиер Тебас како претседател на Ла Лига повторно говореше за трансфер како да е веќе реализиран, па дури и откри на колку години е потпишан договорот.

– Мбапе ќе игра во Реал наредната сезона. Тој е еден од најдобрите во светот, но истото важи и за Винисиус и Белингам. Реал Мадрид ќе има неверојатен тим, но тоа не е гаранција за освојување титули.

– Мбапе ќе има пет шанси да ја освои Лигата на шампионите со Реал. Ако сте потпишале договор на пет години, тоа значи дека ќе имате пет шанси за титулата во ЛШ со Реал, – вели Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни