Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас одреди ударен термин за големото „Ел Класико“ дерби (Фото)

Објавено

на

Месец април обично секогаш е пресуден за шампионските трки во националните првенства, а оваа сезона на 21-от ден од четвртиот месец ќе го гледаме второто „Ел Класико“ во Ла Лига.

Реал Мадрид победи на првиот меч во Барселона со пресврт и од тој момент го води караванот во домашното првенство, па иако во овој момент „кралевите“ имаат навистина комотна предност, каталонците се уште не се откажуваат од титулата.

Изјавите на Чави и Лапорта сведочат за тоа и надежта е дека Барса ќе може да намали уште некој бод до големото дерби кое се игра на 21-ви април, а за кое денеска беше одредена и официјална сатница.

Хавиер Тебас ексклузивно објави дека „Ел Класико“ дербито ќе се игра во ударниот термин, односно во недела во 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

– „Ел Класико“ е најважниот натпревар во националните првенства. После финалето во Лигата на шампионите, „Ел Класико“ е најважниот натпревар во клупскиот фудбал во целиот свет. Се надеваме дека двата тима ќе има за што да играат во април, се надеваме на нов фудбалски спектакл, – изјавил денеска Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни