Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас објасни како Барселона ангажирала нови фудбалери и покрај сложената финансиска состојба

Објавено

на

Foto:instagram.com/javier.tebas

Барселона го чекаше последниот ден од летниот преоден рок за да ги потврди најголемите трансфери, но тоа се случи дури откако доби зелено светло од Ла Лига за комплетирање на зделките.

Двајцата Португалци Жоао Феликс и Жоао Кансело дојдоа како позајмени фудбалери, а претходно на тимот на Чави Ернандес му се приклучија Илкај Гундоган, Ориол Ромеу Ињиго Мартинез, фудбалери за кои каталонците потрошија симболична сума.

Дел од шпанската јавност на крајот се прашуваше како Барселона најде решение да ги пријави фудбалерите и покрај сложената финансиска ситуација, а сега Хавиер Тебас како прв човек на Ла Лига образложи дека место ослободиле играчите кои заминаа како Дембеле, Абде, Кеси и Нико.

– Како Барселона донесе нови играчи и покрај финансиската криза? Барса потроши само три милиони евра на трансфер пазарот, а притоа ги запази сите норми кои ги бара Ла Лига. Мора да продадете пред да купите. Од 100 милиони евра кои ги имате како приливи, може да потрошите само 40 милиони евра. Барселона не може да ги заобиколи тие правила, мораме да се држиме до нив после кризата која ја предизвика Ковид.

– Во Шпанија преферираме да имаме одржливи клубови и затоа се држиме до овој систем. Премиер лигата има сопственици кои трошат огромни пари и работат во загуби со милијарди евра. Не сакаме да работиме во загуба, покажавме дека можеме да бидеме многу добри и кога сметката на клубовите е чиста. Освоивме 34 европски титули од 2000-та година и шпанските тимови се се поконкурентни во Европа, – тврди Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни