Англија
Тебас: Новата Супер лига нема да ги вклучува англиските екипи

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, уште еднаш јавно ја коментирал најавената Супер лига, проект кој тој го критикува од самиот почеток и за кој верува дека и натаму е активен во позадина.
Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои не се откажаа од проектот и сега прават нов концепт кој треба да исправи дел од грешките кои ги налутија другите клубови и фановите, а Тебас смета дека евентуалната Супер лига би била создадена без клубовите од Премиер лигата.
– Флорентино никогаш не губи, секогаш ќе излезе со нешто ново. Супер лигата е проект кој датира одамна и повеќе е личен проект на Перез, отколку на Реал Мадрид.
– Проектот продолжува да постои, клубовите ќе се обидат да добијат поддршка од Европската Унија, но владите веќе се позиционираа.
– Сметам дека и новиот проект ќе пропадне, бидејќи во него нема да бидат вклучени УЕФА, ФИФА и Премиер лигата, – изјавил Тебас.
Објаснувањето доаѓа по најавата на „Њујорк Тајмс“ дека УЕФА ќе воведе нов финансискиот фер плеј, според кој клубовите ќе можат да инвестираат 70 проценти од приходите. Ова им оди во прилог на премиерлигашите кои заработуваат повеќе пари од тв права, па клубовите од Шпанија, Италија, Франција и Германија би станале неконкурентни во Лигата на шампионите и би создале ново натпреварување.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!