Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас најави враќање на Ла Лига со ексклузивен термин и уникатен дерби натпревар

Објавено

на

Шпанската влада вчера излезе со соопштение дека на Пиринеите ќе може да се игра фудбал после 8-ми јуни, што во превод значење давање зелено светло за враќање на најсилниот фудбал во оваа земја.

Според прогнозите, Ла Лига ќе биде второто големо натпреварување кое ќе се врати на сцената по германската Бундеслига, а оваа вечер, претседателот Хавиер Тебас јасно стави до знаење дека негов план е да се воспостави уникатен термин за одигрување на првиот натпревар.

Првиот човек на Ла Лига откри дека голема желба му е првенството да започне со големото дерби меѓу Севилја и Бетис, а како најпосакуван термин го спомна 11-ти јуни (22:00 часот).

– Ја пратиме редовно ситуацијата и сите фази. Колективните тренинзи ги очекуваме што поскоро, следејќи ги сите препораки на министерството за Здравство. Имаме добра стратегија како би можеле да почнеме. Наша голема желба е да започнеме на 11-ти јуни, со уникатен и ексклузивен натпревар во чест на сите жртви и сето она што се случи во земјата.

– Сакаме да започнеме со дербито во Андалузија меѓу Севилја и Бетис. Ќе биде најубаво да биде тоа на 11-ти јуни и тоа да биде само еден меч, по што ќе продолжи колото за време на викендот. Ако не се договори за 11-ти, очекуваме да биде во петок 12-ти. Се надеваме дека нема да има поместување на овој протокол, – изјави Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни