Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас му одговори на Реал: Се жалат од судиите, а блокираа важна реформа

Објавено

на

Foto:instagram.com/javier.tebas

Реал Мадрид направи голем притисок до Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига во однос на судењето и своите аргументи дека е оштетен на важни натпревари и моменти.

„Кралскиот клуб“ бара промени посебно по последниот натпревар со Еспањол, па испратил и писмо до првиот човек на федерацијата со обвинување за коруптивен систем и судиски грешки поради кои е оштетен и за трофеи.

Експресно стигна одговор и од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

– Не сум изненаден од писмото на Реал испратено до федерацијата, бидејќи се повторуваат ставовите кои постојано ги слушаме на клупската телевизија.

– Многумина од нас одамна бараат радикални промени во судискиот систем, приближување до англискиот и германскиот модел, со поголема транспарентност и поинаква организација.

– Она што е чудно е што на состанокот на Ла Лига во април 2023 година, дебатиравме и гласавме за оваа промена, но Реал Мадрид беше против. Дали можеби тоа е поврзано со фактот што тогаш претседател на федерацијата беше Рубиалес, а Флорентино Перез беше член на бордот на директори на федерацијата?

– Покрај тоа, тие се последни што треба да делат лекции за коруптивни скандали и со ова не мислам на Реал како институција, – напишал Тебас на „Икс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни