Шпанија
Тебас му одговори на Анчелоти: Карло, жал ми е што Реал те користи за вакви работи

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас многу често го критикува Реал Мадрид поради својата актуелна клупска политика со која испраќа жестоки критики на адреса на судиите, а вербалните напади се засилија по последните епизоди кои кулминираа и со барање на клубот за санкционирање на одредени корумпирани судии кои го оштетиле Реал.
Тренерот Карло Анчелоти на последната прес-конференција му одговорил на Тебас, барајќи од него да се фокусира на својата работа и да престане да зборува толку често за Реал, бидејќи на тој начин изразува непочитување кон голем број фанови на клубот.
Тебас не пропушти да му одговори на тренерот на Реал преку социјалните мрежи.
– Карло, сите знаат дека институциите го рефлектираат она што го зборуваат нивните лидери.
– Во фудбалот тоа е изразено и посилно, а со мојата изјава дека одговорните во клубот се „плачковци“, алудирав на првите луѓе кои прават конспирации и сакаат да го стават Реал во улога на жртва.
– Тврдењето дека некој е анти-Реаловски настроен е навреда и за сите противници кои ве победија затоа што биле подобри или имале повеќе среќа на теренот. Ова е навреда за милиони фанови. Јас бев фан на Реал од дете и наративот кој го форсира актуелното раководство не се вклопува во вредностите кои се препознатливи за клубот. Карло, штета е што користат за вакви работи, посебно со оглед на искуството кое го имаш, – истакнал Тебас.
-
Лига на нации16 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација7 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации16 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Италија14 часа
„Газета“ открива детали од завршниот состанок кој му пресудил на Мота: Засрамен сум што те избрав тебе!