Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас: Ла Лига веќе поднесува жалби за регистрацијата на Олмо и Виктор

Објавено

на

Foto:instagram.com/javier.tebas

Барселона привремено обезбеди регистрација за Дани Олмо и Пау Виктор, но Ла Лига не планира да се откаже од битката со клубот и подготвува аргументи за поднесување жалба на одлуката на Националниот спортски комитет.

Хавиер Тебас како прв човек на Ла Лига останува на ставот дека Олмо и Виктор не требало воопшто да бидат регистрирани.

– Ние сме против таа регистрација и испраќаме жалби за овој случај до надлежните тела.

– Ако како Ла Лига го правиме овој чекор, тогаш тоа е сигурно поради фактот што сметаме дека нема правна основа за одлуката да им се дозволи регистрација, – рекол Тебас,

Тој појаснил и каков би бил статусот на натпреварите на кои периодов играл Олмо, ако одговорните ги прифатат аргументите на Ла Лига.

– Во рамките на спортското право, ако фудбалер има лиценца за настап, а Олмо во моментов има, не постои можност клубовите да ги оспоруваат натпреварите на кои тој настапил, – потенцирал Тебас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни