Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас испрати кратка порака за „фантомскиот гол“ на „Ел Класико“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Големото „Ел Класико“ дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона донесе возбудлив и атрактивен фудбал, но сепак и една ситуација која ја остави Ла Лига во многу лоша ситуација.

Шпанското првенство е единственото од топ 5 лигите во кое нема гол-технологија, а недостигот на оваа модерна фудбалска алатка направи да се отворат големи сомнежи околу „фантомскиот гол“ кој го постигна Барселона.

Ниту една камера не можеше прецизно да докаже дали топката ја минува гол линијат по ударот на Ламин Јамал, но завршната проценка на луѓето во ВАР беше дека Лунин сепак реагирал навреме, па така каталонците останаа без посакуваниот погодок.

Сосема очекувано, двата клуба излегоа со различни ставови за оваа ситуација, меѓутоа шпанската јавност ја префрли вината кај Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига кој одби да го имплементира овој систем кој вреди 4 милиони евра.

Тебас пред стартот на сезоната изјави дека гол-технологијата е прескапа за Шпанците во овој момент, но сега мораше да се јави со коментар откако цела јавност се сврте против него.

Претседателот на Ла Лига „се удираше во гради“ и по големата контроверза на „Бернабеу“, посочувајќи примери од Италија, Англија, Германија и Франција во кои гол-технологијата донела погрешна одлука и дополнително ги влошила работите.

– Без коментар….., – гласи објавата на Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни