Поврзете се со нас

Англија

Тебас го пријавил Манчестер Сити во Европската комисија

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Хавиер Тебас долго време се обидува да докаже неправилности во работењето на клубовите поддржани од одредени земји, а во прв план е Манчестер Сити.

Првиот човек на Ла Лига сега открил дека го пријавил премиерлигашот во Европската комисија уште во 2023 година и очекува конкретн реакција на високото тело на Европската Унија.

Тебас тврди дека Сити поседува структури со кои ги прекршува правилата на ЕУ, односно компании кои не се дел од „Сити Футбол груп“, а кои работат за клубот, со што истиот добива нефер предност во домашното првенство и Лигата на шампионите.

– Сити поседува други надворешни компании кои фактички прават загуби наместо клубот. Имаат компанија за скаутинг, маркетинг компанија, таму имаат големи трошоци, а клубот им исплаќа смешни пари. Тие трошоци би биле многу поголеми ако компаниите работат во рамките на самиот клуб.

– Побаравме да бидат проверени фактите кои ги собравме и очекуваме реакција од Европската комисија, – рекол Тебас.

Иако Сити не ги коментира изјавите на Тебас, англиските медиуми добиле потврда дека клубот е запознат со истрагата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни