Лига на шампиони
Тебас го „пецна“ Реал за ждрепката во ЛШ: Нели тие сакаа поинтересни натпревари?

Првиот човек на Ла Лига на свој начин го „пецна“ Реал Мадрид за осминафиналната ждрепка во Лигата на шампионите.
Како што е познато понеделничката ждрепка мораше да се повтори откако во првото извлекување имаше пропусти, проблеми, па така Реал откако во првата рунда за ривал ја доби Бенфика потоа доби далеку поголем предизвик во Пари Сен Жермен.
-Можеби Реал Мадрид е во право и целата ждрепка не требаше да се повтори. Toa bеше срамота. Не знам дали е човечка или техничка грешка, а можеби Реал Мадрид е во право и не требаше да се повтори целата ждрепка.
-Ама ова е лично мислење. Зарем не сакаа поинтересни натпревари? Па, ова е поинтересно отколку да се игра со Бенфика, -истакна Тебас алудирајќи на тоа дека Реал беше дел од екипите кои сакаа формирање на Супер лига.
„Кралевите“ имаа забелешки на тоа што во понеделникот се случи во Нион, но на крајот ќе мора да се соочат со предизвикот и како најтрофеен европски клуб да излезат на мегдан против „светците“ од Париз.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 9 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 17 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!