Шпанија
Тебас го опомена Винисиус од Буенос Аирес: Не смее да го прави тоа
Хавиер Тебас постојано е актуелен во шпанските медиуми поради конкретните забелешки и ставови поврзани со клубовите и фудбалерите од Ла Лига, а во свој стил зборувал и во Аргентина.
Првиот човек на Ла Лига деновиве бил во Буенос Аирес и присуствувал на настан на кој темата била аудиовизуелната пиратерија, нешто за што Тебас постојано зборува алудирајќи на фактот што лигата губи пари од пиратските преноси на натпреварите.
Од аргентинската престолнина тој го „поздравил“ и Винисиус, опоменувајќи го поради една објавена фотографија од натпреварот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Бразилецот го пропушти дуелот поради повреда и објавил фотографија на која се гледа дека го следи преносот во Мадрид преку бразилска телевизија.
– Ако бил во Мадрид, а мислам дека беше во Мадрид, тоа е пиратерија.
– Лигата на шампионите во Шпанија мора да се следи преку „Мовистар“, тоа е мрежата која ги има откупено тв правата. За да следи бразилска телевизија или користел ВПН или друга нелегална алатка, што значи дека го пиратирал натпреварот. Веќе му пренесовме дека тоа не смее да се повтори, – рекол Тебас.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства21 час
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија14 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација21 час
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!