ТЦР Европа го исклучи Борковиќ, Србинот реплицираше: Милер сака да ме види …

borkovic

Стјуардите го исклучија Борковиќ од резултатите во втората трка на Ред Бул Ринг, бидејќи се обидел да ја откорне вратата од возилото со стартен број 25, со цел да дојде до возачот Натан Биел.

Притоа, на српскиот возач му се додава и гревот дека бутнал една жена на возилото. Со оглед на тоа дека Борковиќ го повтори однесувањето за кое беше казнет во Монца 2018 година, официјалните лица ќе ја преуптата својата одлука и до националната спортска федерација на Србија, како и до ФИА.

– Ја носиме оваа одлука со доза на жалење, но немавме друг избор. Како промотери на оваа серија, не смееме да бидеме само набљудувачи на ваквите несречни настани. Насилството не смее да остане неказнето, особено во настан кој е отворен за публика и е покриен од медиумите. Мошне често возачите се модели за младите кои сакаат да влезат во светот на трките, па токму поради ваквата филозофија не смееме да толерираме агресивно однесување. Го толериравме случајот во Монца лани, му дадовме втора шанса според нашиот етички код да им излеземе во пресрет на оние кои се покајале и се извиниле за своите грешки. Но сега, времето за толеранција е готово,- изјави Пауло Фереира, промотер на серијата., кој ваквата одлука му ја соопштил и на тимот „Таргет“ за кој настапуваше Борковиќ.

Од своја страна Борковиќ за српските медиуми даде поинаква изјава.

– Се надевав дека проблемите се привремени и дека не постои лоша намера кон мене и кон мојот тим. Но, како поминуваше времето, сфатив дека ништо не се подобрува и дека од викенд до викенд доаѓа до инциденти од кои по правило излегувам оштетен, а нема казнени мерки кон оние кои биле иницијатори на таквите ситуации. Таквиот однос ме фрустрираше и повеќе не можев да издржам, а да не поразговарам со оној кој не беше предизвикан, а направи приблеми на патеката во Австрија. Имаше помала расправија, која потоа била пријавена од Иван Милер, сопственик на тимот, кој е желен да ме види како заминувам. Бев свесен дека тоа ќе ми донесе некој вид на казна, но и на возачот кој ме исфрли од трката во последните секунди. Тој возач сепак не доби казна. Ваква неправда повеќе не можам да трпам, тоа се одлуки кои ги уништуваат мне само моите амбиции, туку и плановите на луѓето од мојот тим кои вредно работат да оствариме резултат што е вреден за внимание.Се сомневам дека постојат интереси кои го надминуваат фер плејот, – обвини Борковиќ.

Минатата година кога македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе беше оштетен во некои дуели од трките на ТЦР Европа, неговиот инженер Мирослав Растовиќ реагираше на неконзистентоста во казнувањето на оние кои предизвикуваат инциденти, предупредувајќи дека оваа серија може да се претвори во „креш дерби“.

 

Facebook Коментари