Македонија
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка

Виктор Давидовски ја стартуваше првата трка од гран при викендот во Белгија на 12 место, откако стјуардите му доделија казна на актуелниот светски првак Микел Аскона и го симнаа од 11 на 15 место на стартот.
Возејќи меѓу 23 возачи на стартот од трката која се бодуваше за ТЦР Светската серија, Давидовски успеа да напредува и да го престигне конкурентот од ТЦР Европа Фелипе Фернандез, истиот оној што во Португалија го удри и го елиминираше од третото место во трката. Овој пат Виктор финишираше на 11 место во конкуренција на возачите од Светската серија, додека во конкуренција на ТЦР Европа беше на четврто место.
Со овие бодови Давидовски се приближува до остварувањето на својата цел, да биде меѓу финалистите што ќе се борат за светската шампионска титула на крајот од сезоната.
Обележје на трката беше прекинот на крајот од вториот круг кога Аскона направи „хаос“ возејќи преку песочната зона за излетување, а потоа се судрија Борковиќ и Баргвана, па мораше да биде аплицирано возило за безбедност. Аскона влезе во боксот и падна на дното од колоната, исто како и Ма Кинг Хуа, кој застана на стартот и од второ место падна на осумнаесетто. За разлика од нив Фредерик Вервиш успеа да напредува од 15 место на стартот до 6 место. Кинескиот возач Хуа се обиде да направи сличен подвиг, но стигна само до 11 место, по што заработи казна од стјуардите на крајот, па со додадени 5 секунди падна на 14 место.
Во такви услови, од пол-позиција до целта водеше Јан Ерлаше пред Нестор Џиролами, додека Сантијаго Урутија имаше најинтересна трка чувајќи го трето место од возачите на „Comtoyou Racing“ зад него (Паувелс, Хаф, Вервиш и Коронел).
Втората трка се вози во недела, а ќе се емитува на Телевизија 24 со почеток од 12.40 часот.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 24 часа
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 11 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…