Англија
Тажни денови за фамилијата Фергусон: Сер Алекс се збогува со сопругата по шест децении заеднички живот

Британските медиуми пренесоа дека вчера, на 84-годишна возраст починала Кејти, сопругата на легендарниот фудбалски менаџер Алекс Фергусон.
Кејти и Алекс беа партнери речиси шест децении, од кои дури 57 во брачна заедница, во која имаат и тројца синови, меѓу кои и актуелниот менаџер на Питерброу, Дарен Фергусон.
Двојката се сретнала првпат во 1964 година, кога и двајцата се вработиле во иста фабрика, а од 1966 година се и официјално во брак.
– Со голема жал потврдуваме дека Лејди Кејти Фергусон почина вчера, – стои во соопштението на фамилијата Фергусон.
Манчестер Јунајтед објави соопштение со кое изрази сочувство до фамилијата, а фановите не ги заборавиле моќните зборови на трофејниот менаџер, кој јасно го истакна влијанието на сопругата за сите професионални успеси.
– Мојата сопруга имаше клучна улога за време на кариерата, преземајќи улога на столб кој се грижеше за стабилноста и охрабрувањето. Зборовите не се доволни за да искажам колку ми значи, – изјави Сер Алекс во 2013 година, кога ја заврши менаџерската кариера.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ