Поврзете се со нас

Свет

Тажната страна на фудбалот: Руски фудбалер тргна да разменува дресови, ривалот немаше што да му даде за возврат (Видео)

Објавено

на

Фудбалот во Европа доживува вистинска експанзија со децении наназад, па иако сега ова лудило се пренесе и во Америка и во арапските земји, сепак има земји кои имаат далеку помали ресурси за да уживаат во најважната споредба работа во светот.

Добар доказ за такво нешто доаѓа од пријателскиот натпревар кој го одиграа селекциите на Русија и Куба, а кој им припадна на европјаните со преубедлив резултат 8:0.

Поради рестрикциите од УЕФА, Русите имаат опција да закажуваат тест средби само со селекции кои се надвор од стариот континент, но дуелот со Куба ги запозна нивните фудбалери и со една друга реалност.

И покрај преубедливиот триумф, Русите покажале доблест и заминале до противничката соблекувална на размена на дресовите, но за жал, оние од Куба немале што да вратат на другата страна.

На видеото се гледа како фудбалерот на Куба им објаснува на руските фудбалери зошто не може да им го подари дресот, односно им нагласува дека немаат доволно за нив, а не па да раздаваат на други……..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни