Поврзете се со нас

Македонија

Тажна вест: Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Објавено

на

Вистински шок за македонската спортска јавност предизвика информацијата дека починала поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ.

Претходно позната по презимето Портјанко, натурализираната Македонка пристигна во редовите на Кометал Ѓорче Петров во 2003 година, а потоа ја прифати и понудата да настапува за нашата репрезентација.

Последните натпревари за македонската репрезентација ги одигра во 2012 година.

По настапите за Кометал, од 2009 година Николиќ беше членка на неколку европски екипи, по што се врати во Македонија и го носеше дресот на ЖРК Вардар.

Николиќ починала на 38-годишна возраст и засега не се познати причините за неочекуваната смрт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни