Поврзете се со нас

Шпанија

Тажна вест: Почина младото момче на кое Мбапе му ја исполни последната животна желба (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Светската спортска јавност пред три недели се запозна со младиот Лоренцо кој е голем фан на Килијан Мбапе, но за жал, неполн месец подоцна, попладневно пристигна вест дека момчето ја загубило најважната битка во животот.

Големата ѕвезда на Реал Мадрид реши да му ја исполни последната животна желба на момчето кое имаше неизлечлива болест, а иако приказната беше максимално трогателна, Мбапе навистина покажа класа што успеа да ја реализира истата.

За жал, денеска пристигна вест дека малиот Лоренцо починал како последница на жестоката борба која ја водел подолго време, вест која дефинитивно ги растажи и сите фудбалски фанови кои се запознаа со него преку медиумите.

– Станува збор за поианкво момче. Во животот има многу поважни работи од фудбалот и сакам да му се заблагодарам на клубот што ми овозможи да го донесам на „Бернабеу“ и да ги запознае играчите. Ова беше неверојатен момент за него и навистина сум среќен за Лоренцо, – изјави Мбапе пред три недели.

Покрај тоа што се запозна со својот идол и со сите ѕвезди од првиот тим на Мбапе, младиот Лоренцо во завршната фаза од својот живот имаше и заедничко возење со Килијан пред „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни