Поврзете се со нас

Шпанија

Тажна вест од Шпанија: Поранешен освојувач на ЛШ со Реал почина на 48 години (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид како клуб многу брзо ја потврди тажната вест која ја пренесоа дел од шпанските медиуми, односо со големо жалење ја објави веста за смртта на Хавиер Дорадо.

Поранешниот младинец на Реал заигра за првиот тим во 1999-та и 2000-та година и успеа да освои една титула во Лигата на шампиони, но откако се пензионираше во 2012-та година, постојано се бореше со тешка болест.

За жал, Реал денеска информираше дека поранешниот лев бек ја загубил долгата битка со леукемијата, болест која на крајот направи да си замине од овој свет на 48-годишна возраст.

– Реал Мадрид како клуб, неговиот претседател и Управниот одбор длабоко жалат за смртта на Хавиер Дорадо, младински играч на Реал Мадрид и играч на нашиот прв тим во 1999 и 2000 година.

– Реал Мадрид сака да изрази сочувство и наклонетост до неговото семејство, неговите соиграчи, сите негови најблиски и сите клубови од кои тој беше дел. Во текот на двете сезони во кои играше за Реал Мадрид, Хавиер Дорадо ја освои титулата во Лигата на шампиони, осмата за Реал во Париз (2000 година). Хавиер Дорадо почина на 48-годишна возраст. Почивај во мир, – гласи објавата на Реал.

По авантурата во шпанската престолнина, Дорадо во кариерата уште настапуваше за Саламанка, Спортинг Хихон, Рајо Валјекано, Мајорка и Атлетико Балеарес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни