Поврзете се со нас

Франција

Тажна вест од Франција, почина поранешен млад фудбалер на ПСЖ

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Џордан Диакиесе починал во петокот во Франција на само 24 годишна возраст.

Оваа информација ја објавија од неговиот сегашен клуб, Фуриани Агилани кој се натпреварува во петтата лига во Франција.

24 годишниот десен бек потекнува од школата на ПСЖ и е поранешен француски репрезентативец до 20 години.

Диакиесе додека настапуваше во ПСЖ ја делеше соблекувалната со сегашниот првотмец  на клубот Преснел Кимпебе, како и со фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман.

По заминувањето од ПСЖ, фудбалерот имаше кратка авантура и во хрватскиот тим Рудеш, а потоа се врати во петтата француска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни