Поврзете се со нас

Свет

Тажна судбина: Најдобриот голгетер во историјата на Панама починал на рекреативен фудбалски натпревар

Објавено

на

Foto:twitter.com/fepafut

Малата Панама направи историски подвиг и во 2018-та година за првпат беше дел од едно Светско првенство, а сите кои редовно го гледаа настанот во Русија, сигурно се сеќаваат и на капитенот на оваа селекција.

Луис Техада ги предводеше своите сонародници на најголемото фудбалско случување, но за жал, шест години подоцна медиумите од Панама информираа за негова прерана смрт.

Популарниот „Матадор“ стави крај на играчката кариера на крајот на 2022-ра година, меѓутоа останал фудбалски активен буквално до последниот ден од својот живот.

Техада играл на рекреативни натпервари во својата родна земја во последните 12 месеци, а за жал оној последниот одигран изминатиов викенд бил кобен по неговиот живот.

Според информациите, Луис колабирал и бил изнесен од теренот, па иако успеале да го однесат до најблиската болница, таму само била констатирана смрт како последица на срцев удар

Легендарниот Техада имаше 41 година и забележа повеќе од 100 настапи за селекцијата на Панама, каде има статус на најдобар голгетер во историјата со 43 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни