Поврзете се со нас

ВТА

Тажен вовед во Лондон: Третата фаворитка на Вимблдон се повлече поради повреда (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Арина Сабаленка пред десетина дена соопшти дека нема да игра на Олимписките игри со цел да му даде одмор на своето тело, па иако доби критики во родната земја, сега испадна дека повредата која ја има не е воопшто наивна.

Сабаленка се пожали на болки во рамото по крајот на Ролан Гарос, а речиси четири недели подоцна, Белорусинката се уште не е подготвена за игра.

Воведниот дел на тенискиот грен слем во Лондон донесе големо разочарување, бидејќи Сабаленка ги информираше организаторите дека сепак нема да настапи на овогодинешеното издание.

Арина двапати има играно во полуфиналето на Вимблдон и беше поставена како трета носителка за најновото издание, но со денешната вест стана познато дека нема да може да се бори за пехарот.

Сабаленка стигна до топ четири и минатата година во Ол Ингланд клубот, но во полуфиналето загуби од Вондроушова која потоа ја освои и титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни